Солени коцки со спанаќ и макарони
Денешниот појадок решив да биде топол оброк со макарончиња.
Наместо вообичаениот рецепт со макарони, приготвив мала мешавина од макарони со спанаќ.
Макароните ги сварив во посоленка вода, па исцедени ги оставив да се изладат додека го подготвувам филот.
Во огноотпорен сад го ставив маргаринот расецкан на коцки. Го ставив во рерна малку да се растопи, додека ги подготвував останатите состојки за рецептата.
На страна во длабок сад го изрендав сирењето и ги додадов јајцата. Промешав се додека состојките не се соединат па го додадов пецивото, јогуртот и млекото.Овде треба да следува и зачинот, но јас во мојот случај не ставив зашто ми беше доволно соленко.
Спанаќот го измив неколкупати во вода и го исецкав на мали парчиња. Така подготвен го ставив малку во вода да се обари, па го процедив убаво.
Оладен, спанаќот го додаваме во смесата со јогуртот и јајцата, па ги промешуваме тука и макароните.
Кога смесата ќе се изедначи ја префрламе во огноотпорниот сад и промешуваме уште еднаш да се премачкаат макарончињата од маргаринот.
Попрскуваме презла и ставаме да се пече. Печеме околу 20 минути, додека не се зарумени.
Мене многу ми се допадна, а вие пробајте па кажете...
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови