Свежиот кадаиф, како за слатки, идеален е и за солени мезиња, дури можам да речам дека е совршен. Се добива така вкусно мезе, одозгора крцкаво, вкусно, а внатре во зависност од полнењето, сочно и волшебно.

Подготовка:
1. Се што треба е кадаифот да е свеж. Во зависност од колку ролни ќе правите, толку ќе ви биде потребно. Во овој случај, чисто како идеја, јас искористив отприлика 150 гр. кадаиф за 8 ролни.
2. Кадаифот малку расчепкајте го и на почетокот ставете парче пршута и сирење кое е отпорно на температура, во случајов грил сирење. Завиткајте го во ролна.
3. Секоја ролна намакајте ја во јајце, малку стегнете ја со рака, ќе се исцеди вишокот јајце и пржете во масло загреано на средна температура. Пржете убаво да зарумени од сите страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови