Солена торта
1. Од брашното, маргаринот, 1 јајце и малку сол замесуваме тесто со 100 мл.ладна вода и тестото го оставаме во фрижидер да седи 1 час.
2. За тоа време се пропржува кромидот на малку масло и вода, се додава сечканиот лук, обарениот спанаќ и зачини и се заедно кратко се пропржува и се трга на страна.
3. На страна со лажица се меша сирењето и јајцето да се соединат.
4. Пиперките црвени се печат и се лупат(јас ставив пиперки замрзнати од фрижидер)
5. Се зема округла тава и во неа на дното се става лебни трошки.
6. Тестото се вади од фрижидер и на набрашнета маса се развлекува округла кора со дебелина од 1 цм. Се става во тавата со тоа што и страничните делови на тавата да се покријат,а вишокот се отсекува и ни служи за декорација одозгора
7. Се става врз тестото половина од спанаќот,врз него се редат пиперките црвени наполнети со сирење и на крај повторно се става другата половина од спанаќот.
8. Страничните делови од тестото малку ги превиткуваме на внатре а со останатото тесто правиме ленти и ги префрламе одозгора.
9. Мачкаме со разматено јајце и печеме во загреана рерна на 180 Ц 30-35 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
П.С
Почитувани, поради техничките проблеми кои ги имавме викендов, денес го објавуваме рецептот на денот за 22.06.2012
Ви благодариме на разбирањето и трпението