Снежни топки (Schneebälle)
Колачиве ги пробав пред неколку години и многу ми се допаднаа. Од тогаш па наваму бев во потрага по вистинскиот рецепт - оној, кој најблиску ќе е до оној вкус кој мене ми остана во сеќавање. После неколку испробани рецепти, во раце ми стигна и овој рецепт кој е многу, многу блиску до она бараното ))
Подготовка
Рерната вкулучете ја да се загрева на 180 степени.
Јајцата и шеќерот изматете ги убаво додека да добиете светла, кремаста смеса. Додадете го брашното, кратко промешајте и истурете ја смесата во тава за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење. Јас печев во Делимано малата плитка тава за печење. Печете околу 20 мин. Откако ќе се испече, отстранете ја хартијата од тестото и оставете убаво да се олади.
Тестото искинете го на мали парчиња и ставете го во голем длабок сад.
Слатката павлака изматете ја во цврст снег со помош на крем фиксот.
На страна во еден длабок сад ставете ја несолената урда, шеќерот, бурбон ванилата (јас мелев отприлика од мелница) и сокот од портокал. Измешајте убаво со жица за матење за состојките убаво да се спојат. Оваа смеса додадете ја во изматената слатка павлака и промешајте.
Тестото ставете го во кремот и прво промашајте со лажица па потоа со раце замесете ја смесата за тестото убаво да впие од кремот.
Правете бомбици кои ќе ги валкате во кокос.
Наместо цеден сок од портокал може да пробате и со сок од ананас или пак сокот заменете го со амарето. И така се исто убави.
Ставете ги во фрижидер да отстојат до нивно послужување.
Лиценца: Сите права се задржани
Премногу ми се допаѓаат по состав.
srekna nova