Значи, дали да се детелинки или звезди (а мислев на снегулките) одлучив да ги крстеме Снегулки, па нека се така, ништо нема да им фали, а бидете си и вие кумови, прекрстете ги ако имате таква желба. Како настана, читајте понатаму..
1. Сувомеснатиот производ кој сте го одбрале исечете го на сосема тенки кругови.
2. Во млакото млеко растворете го квасецот.
3. Измешајте ги во садот во кој што месите брашното, солта и пецивото. Ставете го растворениот квасец во брашното, додадете го киселото млеко или јогуртот, јајцето, месете, а домесете го тестото со зејтинот. Оставете го да стаса (околу 1 час). Ако се одлучите да ставите инстант квасец, тогаш директно во брашното го ставете и измешајте го, понатаму се исто.
4. Вклучете ја рерната на 180 степени. Спремети си ги плеховите кои треба да ги обложите со хартија за печење.
Оформување
1. Стасаното тесто на со брашно посипана работна површина расукајте го во тенка кора.
2. Со округол калап или чаша сечете кругови од тестото. Ширината на калапот треба да биде иста колку и ширината на круговите од сувомеснатото.
3. Земате исечен круг од тестото, врз него ставете круг од сувомеснатото, поклопете со друг круг од тестото. Пренесете ги во плехот во кој ке ги печите. Со остар нож засечете го кругот на 4 внимавајки да средината ви остане цела - тоа е спојот на сите латици, потоа секоја 1/4 уште на половина. Земате едно парче (1/8) и ја свртите на лево, веднаш до неа другата 1/8 свртете ја на десно, спојте ги долните делов и и така со сите парчиња. Снегулката е готова. Така се додека не потрошите тестото.
4. Премачкајте со јајце, посипете ја средината со посип кои сте го вие избрале.
Печете околу 20 мин.
- Јас користев стисната шунка и намерно купив од малото паковање заради димензијата.
- Не мора специјален калап, само да една обична чаша одговара со димензијата од шунката и се е во ред.
Ако нешто не е јасно овде сум ќе кажам, а свој придонес за постапката се надевам ќе дадат и фотографиите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани