Припрема

1. Рибизлите се чистат од стебленцата со помош на вилушка. Се става вилушката на врвот на стебленцето и нежно се влече надоле. Потоа зрнцата се мијат под млаз на студена вода.
2. Во тенџере се ставаат шеќерот и водата. Се промешуваат и се варат на појак оган додека не провријат, а потоа се намалува температурата и се варат додека не станат како сируп (на чинивче се вади малку од течноста, треба да личи на сируп кога ќе се излади).
3. Се додаваат рибизлите и нежно се промешуваат повремено. Се варат околу 10 минути. Внимателно треба да се отстранува пената која се создава на површината.
4. Се трга тенџерето од оган, се покрива со влажна крпа и се остава да се излади.
5. Изладеното слатко се става во тегли и се складира на темно и суво место.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани