Најубавото слатко, според мој вкус, слатко од дуњи. Кога се подготвува цела куќа мириса убаво!

Дуњите убаво се мијат и се тргаат на страна.
Во длабоко тенџере се става водата и шеќерот да зовријат и да се стопи шеќерот. Потоа се додава сок од 1 лимон. Кога убаво ќе зоврие шербетот и ќе се згусне, се почнува со рендање на дуњите, една по една и веднаш се ставаат во шербетот. Не ги рендајте сите од еднаш, бидејќи ќе потемнат брзо. Затоа треба една по една, одкако ќе биде готов шербетот. Се додаваат сите и се вари на тивко, околу 45мин до 1 час, односно додека убаво се згусне слаткото и изврие водата. Тогаш ќе забележите дека дуњите од жолти, ќе преминат во убава портокалова боја. Тогаш се готови.
Во чисти и стерилни тегли, предходно стоплени, се става топлото слатко, се затвараат и се оставаат на топло, да повлече вакум капакот.
Од оваа доза има 4 тегли од 550мл.

Може да се додадат и сецкани оревчиња во слаткото, но јас повеќе си го сакам чисто и да си додадам одпосле.
Доколку имате слаткарче, можете да додадете во слаткото 2-3 ливчиња во 1 тегла.

Изборот е Ваш !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови