Испечати

Слатко од дуњи

Слатко од дуњи

Состојки

  • 5 кг. дуњи
  • 4 кг. шеќер
  • 200 мл. вода
  • 3 лимони
  • неколку ливчиња барбароза-слаткарче

Подготовка

Дар од природата.

1.Дуњите се бланшираат 3 мин.се лупат, сечат на коцки и се ставаат во вода со сок од 1 лимон. Бланширањето е за полесно да се лупат.
2.Се вари густ шербет, откако ќе зоврие шеќерот и водата, се вари 5 мин. на умерен оган и се додаваат дуњите. Се вари 10 мин, тоа зависно од дуњите (не се варат многу време, моиве за 10 мин.готови) после веќе се распаѓаат. Пената се собира, а тенџерето се протресува, не се меша и со лажица благо одозгора се притискаат парчињата дуњи.
3. После 5 мин.се додаваат кругови од 2 лимони и 2-3 ливчиња барбароза.
4. Јас го собирам додека е жешко, во жешки тегли, го завиткувам додека целосно се излади.

Мирисно, вкусно.