18
ное
2020
Слатки переци
Многу убави переци кои може да си ги направите и во друга форма.Едноставно се топат во уста.
Путерот треба да е на собна температура.
Од сите наведени сосотојки се замесува мазно тесто со кое може веднаш да се работи.
На набрашнета работна површина се развлекува кора и со модла се вадат переци.
Переците се редат во плех постелен со хартија и полека со четка се мачкаат со многу малку вода.Потоа се наросуваат со ванилин шеќер.
Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 12 мин.
Додека се топли ги валкаме во шеќер во прав во кој сме измешале една кесичка ванилин шеќер.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови