Еден убав предлог за вкусен десерт. Сладолед од босилек. Комбинација, која верувам не сте ја пробале, а навистина е превкусна и освежителна.

Еве го рецептот:

1. Од шеќерот и водата сварете шербет. Оставете го да излади.
2. Во друг сад помешајте го исцедениот сок од лимон и листовите босилек. Изблендирајте ги добро. Помешајте ги со грчкиот јогурт. Во него додајте го изладениот шербет. Зачинете го со мелен црн бибер (црвените топчиња)
3. Убаво промешајте, за добро да се соедини, па ставете го во калап за мраз или во калапи за сладолед.
Оставете ги да се стегнат околу 40 минути, па потоа служете со свеж босилек како декорација.
На здравје,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови