Испечати

Сладолед од босилек

Сладолед од босилек

Состојки

  • 20-30ливчиња босилек
  • 200мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 250 мл јогурт
  • 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер,но само црвените топчиња.

Подготовка

Еден убав предлог за вкусен десерт. Сладолед од босилек. Комбинација, која верувам не сте ја пробале, а навистина е превкусна и освежителна.

Еве го рецептот:

1. Од шеќерот и водата сварете шербет. Оставете го да излади.
2. Во друг сад помешајте го исцедениот сок од лимон и листовите босилек. Изблендирајте ги добро. Помешајте ги со грчкиот јогурт. Во него додајте го изладениот шербет. Зачинете го со мелен црн бибер (црвените топчиња)
3. Убаво промешајте, за добро да се соедини, па ставете го во калап за мраз или во калапи за сладолед.
Оставете ги да се стегнат околу 40 минути, па потоа служете со свеж босилек како декорација.
На здравје,