Сладолед Нирвана
Жолчките кои ви остануваат од припрема на некој колач, можете и овака паметно да ги искористите... Нирвана карамел сладоледот за мене е бр.1... а го научив дружејки се вака виртуелно со љубителите на овој сладолед...
Уживајте,
Припрема
Сладоледната смеса
- Одземете од вкупната количина млеко едно 5-6 лажици.
- Слатката павлака и млекото загревајте ги до вриење. Доколку имате мешунка од ванила... додадете ја и оставете нека одстои најмногу 10 мин.
- Жолчките во кои сте ги ставиле тие 5-6 лажици млеко со жица сматете ги со шекерот и во тенок млаз додавајте го топлото млеко со павлаката. Мешајте да се изедначи, вратете на огнот и на тивок оган варете се додека не се згусти (до густина на јогурт)
- Спремите еден сад со мнооогу ладна вода или истолчен лед, кога згуснатата смеса ќе ја тргнете од огнот, веднаш ставете ја во садот со ледот или мраз ладната вода... (ова да се прекине веднаш вриењето и смесата да се разлади). Оваа добиена база за сладоледот нека се олади на собна температура, а потоа и неколку часа во фрижидер. Или нека одстои една ноќ во обичниот фрижидер.
Карамел
- Шеќерот на тивок оган стопете го, Кога целиот шеќер е стопен и е веке течен, додадете го путерот и измешајте онолку колку што ќе може да се измеша. Додадете ја загрејана слатката павлака и варете се додека не се стопи шеќерот и веќе забележите дека веќе сте добиле карамел крем. Нека малку олади и соберете во мало тегличе или флашичка - оставете го до употребата.
Карамелизирање
- Оревите кратко испечете ги на тавче за да го добијат тој пријатен и сладок вкус, оладени исецкајте ги. Водата, медот и зејтинот измешајте ги и загрејте на тивок оган, додадете ги оревите (лешниците). Мешајте се додека тие не ја впијат целата течност. Префрлете ја добиената смеса на тањир во кој сте ставиле кристал шеќер, посипете и одозгора.
Доработка на сладоледот
Значи се е спремено, останува да ја доработите смесата за сладоледот.
За оние како мене што немаат апарат за сладолед, постапете вака -
Претходниот ден ставете во еден сад да се заледува вода во која сте ставиле и малку сол.
Сега наредниот ден кога ке го доработувате сладоледот, извадете го садот со водата која и не е потполно замрзната, но е мнооогу ладна, ставете во него садот со сладоледната смеса земете миксерот и матете го неколку минути за да добиете кремаста смеса.
Налевање на сладоледот
Во садот во кој ке го сместите сладоледот доколку сакате можете по дното да ставите од карамелот... не е задолжително, па сладоледот, па посипете од карамелизираните ореви или лешници кои лесно ке ги затресете за да испадне кристал шекерот.. пак слаодлед, карамел - карамелизирани ореви и се така по ред.... а можете и да ја намалите количината за сметка на сладоледот.
Вратете во фрижидерот за замрзнување и - уживанција.
Напомена
Во денешниот сладолед немам многу ставено од карамелот и оревите бидејќи излезе непланирано да го правам - остатокот на жолчки од мојата роденденска торта, а немав доволно ниту карамел, ниту карамелизирани ореви, но затоа пак ви го напишав целосно рецептот како треба да биди.
Лиценца: Сите права се задржани
ќе престанам да ве сакам веќе. НЕ МОЖАМ ДА ОСЛАБАМ БРЕ ЖЕНКИ, аман веќе :) :) :) :)