Карамел сладолед-Нирвана
Превкусен сладолед кој што ние дома го обожаваме. Каремелизираните ореви многу го збогатуваат вкусот, а чувството е мммм.
Прво ги правиме карамелизираните ореви. Сите состојки се ставаат во сад на оган и постојано се мешаат се додека убаво не се стопи шеќерот. Додека се топли ги ставаме на хартија за да се оладат. Оладените ореви ги толчиме.
Јајцата ги матиме со шеќерот пенасто до побелување.
Шлаговите ги матиме со млеко според упатството.
Јајцата и шлагот убаво ги соединуваме и ги додаваме карамелизираните ореви. Убаво мешаме. Сладоледот го ставаме во садови за замрзнување. Ставаме ореви и оставеме преку ноќ да се замрзне.
*од оваа мера ми излезе околу еден литар сладолед и наполнив две кутии од по половина литар.
*сладоледот го декорирав со чоколаден прелив а го јадевме во комбинација со свежи малини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови