Сладолед
Неутралната павлака се мати убави да биди како крем. Се додава кондезираното млеко и се меша со миксер. Јас ја поделив смесата на 2. Во едното ставив кокос и карамела, во другото бадеми и карамела. И во замрзнувач.

Карамел сос

Шеќерот се става во тенџере да се стопи, да биди течно. Се додава путерот и се меша дури да се стопи. Се додава слатката павлака и ванила шеќер и да вари дури да дојде густо како крем.

Се истура по пластична кутија прво смесата за сладолед, се прска со карамела сос и со сецкани бадеми пак се става сладолед, карамел и најгоре пак бадеми и со капак во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови