Домашен сладолед со карамел сос

Состојки
- 5 дл неутрална павлака
 - 400 г една конзерва кондензирано млеко
 - Вкус по желба
 - Карамел сос
 - 180 г шеќер
 - 50 г путер
 - 2 дл слатка павлака
 - 1 лажичка ванила шеќер
 
Подготовка
Сладолед
 Неутралната павлака се мати убави да биди како крем. Се додава кондезираното млеко и се меша со миксер. Јас ја поделив смесата на 2. Во едното ставив кокос и карамела, во другото бадеми и карамела. И во замрзнувач.
Карамел сос
Шеќерот се става во тенџере да се стопи, да биди течно. Се додава путерот и се меша дури да се стопи. Се додава слатката павлака и ванила шеќер и да вари дури да дојде густо како крем.
Се истура по пластична кутија прво смесата за сладолед, се прска со карамела сос и со сецкани бадеми пак се става сладолед, карамел и најгоре пак бадеми и со капак во замрзнувач.