Подготовка
1. Пред да започнеме со матењето рерната ја вклучуваме на 180 степени.
2. Белките ги матиме кратко, па додаваме 3 лажици шеќер и матиме до состојба на цврста пена.
3. Жолчките ги матиме пенасто со 3 лажици шеќер.
4. Мелените бадеми ги соединуваме со какаото и ги додаваме кон жолчките. Соединуваме со миксер.
5. Изматените белки ги додаваме кон жолчките со тоа што за да ни остане воздушеста смесата ги додаваме лажица по лажица, а соединуваме со шпатула.
6. Во намрсено и набрашнето тавче бр. 24 ја истураме смесата и печеме.
7. Пробуваме со чепкалка дали е печен колачот. Ако е сува, печен е.
8. На оган ставаме шеќер да се растопи.
9. Откако целосно ќе се растопи и карамелизира, постепено му ја додаваме слатката павлака, продолжуваме со вриење некоја минута.
10. Го тргаме на страна, чекаме кратко да не биде многу жешко и го додаваме путерот. Мешаме да се соедини и рствори. Го ладиме.
11. Половина од изладената карамел смеса ја мачкаме врз изладениот бисквит.
12. За сладоледот ја матиме слатката павлака и го додаваме половината од карамелот.
13. Соединуваме истураме во сад и го ставаме во замрзнувач да се излади и стегне.
Сервираме парче со колачот со топка сладолед врз него декориран со чоколаден прелив.

Забелешка
Тортава ја правев од вечер за да може да се замрзне сладоледот преку ноќ.