
Сладолед во кора од портокал
Еве и од мене една идеја за многу вкусен сладолед, но исто така и интересен начин за тоа како да се послужи.
Жолчките се матат со шеќерот. Потоа во нив се додава млекото и чоколадата и сето тоа се става на тивок оган да се растопи чоколадата и се меша се додека не се згусне. Кога ќе биде готово се става на страна да се олади.
Слатката павлака се мати и во неа се додава претходно оладената смеса.
Портокалите се засекуваат на горниот дел и целосно им се вади внатрешниот дел и така тие се полнат со сладоледот.
Од како сите ќе се наполнат се ставаат во фрижидер неколку саати да се замрзне сладоледот и потоа е подготвено да се конзумира.
Лиценца: Сите права се задржани