1. Откако се чисти скушата, се маринира во лукче, лимон, магдонос, малку киселина, малку маслиново масло и се остава да отстои (најдобро цела вечер).
2. Пред печењето се отстрануваат мирудиите во кои се маринираше рибата и се ставаат нови - лукче, лимон, магдонос, неколку капки маслиново масло, бело вино и рузмарин.
3. Се витка секоја риба во фолија, се става во тава и се пече на 200 степени 30-тина минути.
4. За оние кои сакаат попечена, потоа се отвора фолијата и се пече уште да потемни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови