
26
мај
2015
Скуша во фолија
Овој викенд направив скуша во фолија. Имав 6 скуши кои посебно ги завиткував во фолија и затоа рецептот го напишав за една риба.
Се сечи една фолија колку е долга рибата. Скушата најпрво е исчистена, измиена и исушена. Се посолува со зачин или сол. Внатре се става сечкано лукче отстрана се ставаат компирчињата и морковот и сето се залива со масло. Се прави како чун и се печат рибите на 250 С -25мин. Потоа се одвиткуваат фолиите и се допекува уште 10/15мин.Се сервира со ориз или со додатокот што е во фолијата. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани