Скриен камамбер во убаво тесто
Прво сирењето се сечи на коцки 1х1 цм.
Сега во здела се ставаат сувиот квасец, шеќерот, квасецот и малку брашно.
Убаво се промешува и нека се активира 10 минути.
Потоа постепено се додаваат маслото, путерот, солта, па постепено од брашното. Се замесува тесто понамеко. Тестото е многу меко, такво треба да биде.
Одозгора се премачкува со една лажица маслиново масло и се остава да кисни 30 минути.
Потоа на работната маса се става една лажица маслиново масло и се размесува тестото.се дели одприлика на 30 топчиња.или јас го поделив на 15 топчиња, а од остат5окот на тесто исучив коричка, па ја делев на триаголници.
Секое се расукува во долга форма, се става по една коцкичка камамбер и се завиткува како топче или какао кифличка.
Се редат во ростер тава за печење или во плех од релна обложен со хартија за печење.
Се премачкуваат со изматено јајце, киснат 15 минути и се печат 25 минути на 200 степени.
Пробајте ги тестото е преубаво.
Инаку Камамбер е популарно меко сирење,кое се добива од кравјо млеко.
се претпоставува дека доаѓа од покраината Шампања и датира уште од 18 век.
Го викаат и кралско сирење, бидејќи се до францдуската револуцијуа било ексклузивно сирење кое го користеле француските кралеви и аристократијата.
Лиценца: Сите права се задржани