Векна од убаво тесто и мелено месо
Вкусно јадење.
Сечено е еден неполн час по печењето.
Крајното парче после 3-4 часа, убаво изладено имаше одличен пресек.
Прво на малку масло се запржуваат морковот и кромидот.
Се додава сецканата пиперка. Јас ставив лута.
Вие како сакате.
Се додава месото и се пржи се додека не испари течноста.
Се зачинува, па се додава еден излупен и изрендан црвен домат.
Нека крчка да испари течноста до крај.
Се лади, па се додаваат урдата и јајцето.
Се замесува тесто од втасаниот квасец со малку шеќер, вода и брашно.
Тестото нека биде средно замесено.
Се дели на 8 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка.
Се редат на 2 места по 4 корички
Значи три корички танко ги премачкуваме со маргарин и ги редиме една врз друга.
Четвртата не се мачка.
Од првото купче се сучи правоаголна форма со димензии на тесен калап за леб.
Краевите нека висат.
Се става приготвениот фил.
Врз филот се редат парчиња пржен црн домат.
Остатокот од тестото се сучи во потесна коричка и се поклопува филот.
Тестото кое виси, се прибира ви калапот и се прави мала витка.
Се премачкува со изматено јајце, краевите се солат со сусам.
Нека стои 10 минути и се печи на 200 степени околу 25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани