1
дек
2022
Сконси со пршут и камамбер
Подготовка
1. На некоја капка масло го запржуваме ситно сецканиот пршут да пушти арома. Оставаме да се излади.
2. Во вангличка се ставаат пециво, бибер, буковец, јајце, коцки ладен путер, изладен пршут, коцки сецкан камамбер и брашно. Со раце се промешуваат состојките. Се додава ладен јогурт, по потреба, колку да се спои цело тесто. Не смее да биде мазно, туку рустично.
3. Го поставуваме тестото во тава (јас не ја намастив). Со рацете го расплескуваме тестото во округла форма. Го сечеме на 8 триаголници, Печеме околу 25 минути во загреана рерна.
Сервираме и уживаме.
Лиценца: Сите права се задржани