Пред извесен период Лиле постави рецепт за канапеи со смоква и сирење, кои ги обожавам и кои често ги подготвувам. Еве предлог и од мене за прекрасно мезе послужено со прекрасно вино и добро друштво.

Подготовка:

1. Далматинскиот пршут треба да биде исечен на проѕирни, тенки листови. Јас користев прекрасен 3 годишен пршут. Го сервираме во чинија, меѓу него ставаме зрна грозје, свежи смокви, парчиња биено сирење.
2, Во мал сад ставаме квалитетно, ладно цедено маслиново масло и ливчиња босилек. Се дополнува со парченца леб, кои при консумирањето ги мацнуваме во маслото. Уживаме во превкусното мезе, а во позадина ги слушаме морските бранови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани