Пред извесен период Лиле постави рецепт за канапеи со смоква и сирење, кој ги обожавам и кои често ги подготвувам.
Еве предлог и од мене за прекрасно мезе послужено со прекрасно вино и добро друштво.

Прво Далматинскиот пршут треба да биде исечен на проѕирни, тенки листови.
Јас користев прекрасен 3 годишен пршут...мммм
Го сервираме во чинија, меѓу него ставаме свежи смокви, зрна грозје.
По крајот на чинијата ги редиме и коцките биено сирење.
Парчињата леб ги сецкаме на коцки, ги сервираме, им ставаме по парченце црвен домат.
Во средината на чинијата ставаме мало чинивче во кое има ладно цедено маслиново масло.
Со цел консументите сами да си ги натопат коцките, колку сакаат и да консумираат по сопствен вкус.
По желба нежно наросуваме оригано.
Секое залаче го залаеваме со мускатно розе вино.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани