Деликатесно мезе од Далматински пршут
Состојки
- 300гр далматински пршут - тенки листови
- 10 до 15 зрна грозје
- 5.6 свежи смокви
- 4 парчиња леб
- Маслиново масло
- Босилек свеж
Подготовка
Пред извесен период Лиле постави рецепт за канапеи со смоква и сирење, кои ги обожавам и кои често ги подготвувам. Еве предлог и од мене за прекрасно мезе послужено со прекрасно вино и добро друштво.
Подготовка:
1. Далматинскиот пршут треба да биде исечен на проѕирни, тенки листови. Јас користев прекрасен 3 годишен пршут. Го сервираме во чинија, меѓу него ставаме зрна грозје, свежи смокви, парчиња биено сирење.
2, Во мал сад ставаме квалитетно, ладно цедено маслиново масло и ливчиња босилек. Се дополнува со парченца леб, кои при консумирањето ги мацнуваме во маслото. Уживаме во превкусното мезе, а во позадина ги слушаме морските бранови.