Сируп со лимон и бел слез
Овој сируп ќе се најде овде на овој сајт затоа што заслужува да биде споделен.
Еве како од природата, можете да добиете и лек.
Доаѓа пролет, а со пролетта и чистење на организмот од тешките зимски храни.
Ова е и чистач на градите и можете да го подготвите ако сте болни од бронхит и слични заболувања на градите.
Епа да почнеме со рецептот.
Во сад дробете ги лимоните.
Додајте вода и паковката бел слез, а потоа пакетчињата со попадија или боливач зависи кој како ја знае.
Се додава шеќер и се промешува.
Се вари на тивко се додека оваа смеса не се преполови.
Откако смесата ќе се згусти и свари убаво, се цеди во цедалка и добиениот сируп се собира во стаклена амбалажа.
Се чува во ладилник и се пие по три пати на ден по една супена лажица.
Верувам дека некој ќе го спреми овој рецепт, па ќе се пофали со резултати од него.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови