Измијте го овошјето и ставете да отстои еден час во раствор од малку сода прелеана со жешка вода. Потоа извадете го од растворот и исплакнете го убаво. Половина од овошјето излупете го, а половина оставете го со лушпите. Ставете го во блендер и изблендирајте. Во смесата додаваме една паковка лимонтус и оставаме да одстои еден час. Процедуваме низ газа додавајќи 600мл вода.
Шеќерот и остатокот од водата ги ставаме на оган да зовријат. Откако ќе зоврие се тргаат од оган и ќе почекаме да излади. Додаваме уште една паковка лимонтос и процедениот сок. Промешуваме. Ги полниме шишињата и ги чуваме на ладно место. Ако сакате погусто растворете си со помалку вода.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови