25
мај
2015
Сендвич со намаз од шунка
Подготовка на намазот
Шунката исецкајтеја на ситно и заедно со крем сирењето и биберот ставете ги во блендер и блендирајте ги да се добие изедначена смеса. Добиениот намаз ставете го во соодветен сад, покријтего и оставете го фрижидер околу 2 сати да се изедначат вкусовите. Потоа е спремен за мачкање.
Парчината леб малку запечете ги на тостер а доматите исечете ги на кругови.
На едно парче леб намачкајте од намазот со шунка, ставите прстофат рукола и еден или два (зависи од големината) круга домат и поклопете со друго парче леб.
Лиценца: Сите права се задржани