Еве една идеја за брз и лесен оброк.
Парчињата леб ги премачкуваме со путер. Во лепчето ставаме листови марула. Ги сецкаме киселите краставички, ги мешаме со павлаката и ги ставаме врз марулата. Јајцата и чајната кобасица ги сечеме и скалесто ги редиме врз павлаката. Посолуваме и сендвичот е готов.
Јас го послужив со младо кромитче, а мислам дека одлично ќе оди и домат во оваа комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани