Испечати

Сендвич со варени јајца

Сендвич со варени јајца

Состојки

  • две парчиња леб
  • две варени јајца
  • 50 гр. чајна кобасица
  • 2-3 кисели краставички
  • една лажица павлака
  • листови марула

Подготовка

Еве една идеја за брз и лесен оброк.
Парчињата леб ги премачкуваме со путер. Во лепчето ставаме листови марула. Ги сецкаме киселите краставички, ги мешаме со павлаката и ги ставаме врз марулата. Јајцата и чајната кобасица ги сечеме и скалесто ги редиме врз павлаката. Посолуваме и сендвичот е готов.
Јас го послужив со младо кромитче, а мислам дека одлично ќе оди и домат во оваа комбинација.