По кратка пауза се враќам со мојата страст. Не дека не сме јаделе овој период или готвеле туку некои мои обврски беа причината за мал одмор од дружењето овде. Се готвеше во изминатиов период и тоа секојдневно нешто од вашите рецепти мои драги пријателки нешто и ново...еве еден дел од моето кулинарско патешествие се надевам ќе ви се допадне.
Ова е една убава месна тава месото нека биде по ваш избор овде е со дивеч кое треба да се потроши до наредната ловна сезона. Моиве девојки оваа тава ја обожаваат со пилешки стек на вас оставам да се одлучите со какво месо сакате да си ја приготвите.
Подготовка.
Месото бидејки се работи за дивеч го оставам преку ноќ во маринада да одстои. Наредниот ден го ставам на тивок огин да се крчка се додека не омекне тоа зависи од структурата на месото дали се работи за бут, плешка дали има на него малку масно ткиво (за мене е тоа најмеко) отприлика околу три до четири сати.
Половина час пред крајот на варење додадете го зеленчукот и ренданиот излупен домат. Во посебна тава за печење префрлете го месото и зеленчукот додадете на коцки исецкан компир и околи половина литар течност која остана од варењето. Зачинете по желба пред печење полите го со бешамел сос кој го подготвив на следниот начин:во коцка растопена путер пропржете кратко две лажици брашно мешајки интезивно и полека додавајте млеко додека да ја добиете посакуваната густина(зависи од вкусот јас ја оставам по ретка).Бешамелот го зачинувате со мешан зачин,бибер и сол може да си додадете и буковец и оригано. Сосот го сипувме врз тавата со месо и зеленчук рендаме кашкавал и додаваме сецкан магдонос, печеме околу 45мин. на температура од 200 степени.

Забелешка
Горе во текстот споменав дека може да се замени месото со полешко, свинско или телешко или од сите по малку со тоа ќе си го скратите и времето за готвење. Дивечот е специфичен за подготовка и одзема многу време, но за квалитетот на тоа месо не сакам да дискутирам предпоставувам дека ви е јасно.

Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани