7
сеп
2015
Сезонска овошна салата
Овошна витаминска бомба, полна со енергија, одличен природен десерт без вештачки шеќери и додатоци.
Подготовката е повеќе од едноставна, само измијте го овошјето, на смоквите отстранете ги дршките и исечете ги на кругови.
Крушата и праската излупете ги, исечкајте на мали парчиња, ставете ги измиените гроздчиња, лешниците (овие се пресни од нашата леска), засладете со мед или друг засладувач по желба и уживајте!
Искористете го сезонското овошје правејќи разни вкусни и здрави комбинации!
Лиценца: Сите права се задржани