Месото се динста на тивок оган еден час со малку масло, а во меѓувреме празот се чисти и се сецка на парчиња од 3 см а од сувите сливи се вадат семките. Откако месото ќе омекне се вадат коските и се додаваат празот и сливите, тогаш се додава и црвениот пипер, солта и биберот. Ако месото е посно се додава и маст (или масло) за да биде повкусно.
Сето тоа заедно се динста на тивок оган уште 1,5-2 часа.

Се служи со црвено вино.
Рецептов е старо скопско гурманско јадење.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови