22
јун
2012
Свински џигер варен со оцет
Џигерот се вари во вода со малку оцет. Оцетот се додава за да не се распаѓа и да ја задржи формата. Откако ќе се свари, се плакни под млаз ладна вода и се сечи на ситни парчиња. Кромидот се сечи на листови (никако не на коцки). На тава со малку маслиново масло се пропржува кромидот, па се додава ситно исецканиот џигер и заедно се пржат. Пред крај, се додава сенфот, буковецот и солта и се пржи уште некои 3 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
uste nesto -za dzigerot da ne stvrdnuva treba da se przi na vece zagrean zejtin-isprobano
fala ti za ovoj recept pa limonot moze da go zamenam i so ocet a se razbira i pecurcinja ce dodadam
дани, јас ова со оцетот го научив од свекрвата, ама ми се допаѓа да се проба со сок од лимон, ми се чини уште подобро би било можеби... и тоа е киселина и ова-брка работа ;) џигерот и најчесто доаѓа да се пржи во загреано масло затоа што пред него се пропржил кромидот, но не е случај кога во истата вода каде се подварил се додаде масло... не сум обратила внимание на ова- фала за советот ;)
џитни го малку во фрижидер и после е како салата...или тоа само мене ми е така? :) :) :) :)
... ама лето, па се јадело нешто позеленчуково и овошесто викаат, а за сладолет ич да не збораме :)))
јас пак велем, јади тоа што ти се сака, не гледај лето-зима ;)