Испечати

Свински џигер варен со оцет

Свински џигер варен со оцет

Состојки

  • 1/2 кг свински џигер
  • 1/2 кг кромид
  • 2 ловорови листа
  • 1 лажиче сенф
  • 1 полна лажица буковец
  • сол и масло

Подготовка

Џигерот се вари во вода со малку оцет. Оцетот се додава за да не се распаѓа и да ја задржи формата. Откако ќе се свари, се плакни под млаз ладна вода и се сечи на ситни парчиња. Кромидот се сечи на листови (никако не на коцки). На тава со малку маслиново масло се пропржува кромидот, па се додава ситно исецканиот џигер и заедно се пржат. Пред крај, се додава сенфот, буковецот и солта и се пржи уште некои 3 мин.