Подготовка:

1. Џигерот се сечи на парчиња кои ги валкаме во брашно. Во тава се пржи сечкан кромидот и морковот на кругови. Кога ќе омекнат се додава џигерот и се пржи од сите страни.

2. Се додава пиперката кратко да запржи и се налева водата, се додава и коцката за супа и ловоровиот лист. Се покрива со капак и на средно-ниска температура го динстаме околу 20на минути.

3. Потоа ги додаваме останатите зачини, дотеруваме на течност сол и динстаме уште 10на мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови