Испечати

Свински црн дроб во сос

Свински црн дроб  во сос

Состојки

  • 800 гр свински црн дроб
  • 2-3 лажици брашно
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 лажици соја сос
  • 2 чаши вода
  • 1 коцка за супа
  • 1 лажиче сенф
  • 1-2 ливчиња ловоров лист
  • 1 лажиче црвен пипер
  • пимент, бибер и сол

Подготовка

Подготовка:

1. Џигерот се сечи на парчиња кои ги валкаме во брашно. Во тава се пржи сечкан кромидот и морковот на кругови. Кога ќе омекнат се додава џигерот и се пржи од сите страни.

2. Се додава пиперката кратко да запржи и се налева водата, се додава и коцката за супа и ловоровиот лист. Се покрива со капак и на средно-ниска температура го динстаме околу 20на минути.

3. Потоа ги додаваме останатите зачини, дотеруваме на течност сол и динстаме уште 10на мин.