Свински ребра од рерна
Подготовка:
1. Месото се мие убаво, се бриши со кујнска хартија. Се посолува по вкус.
2. Во сад се мешаат балсамико, вино, црна и црвена пипер, сенф, лук и рузмарин. Месото убаво се премачкува со сало - по малку, не многу и се премачкува со маринадата. Убаво се тријат, масираат ребрата и се оставаат преку ноќ.
3. Другиот ден се ставаат во тава за печење, се додава малку вода - околу 200 мл., се покриваат со фолија и се печат во загреана рерна на умерен оган, околу 2-2,5 часа, додека омекни убаво месото. Во текот на печењето се превртуваат ребрата неколку пати, по потреба се долева вода. При крај се премачкуваат со мешавината од медот и кечапот и се запекуваат уште 15-20 мин..
Одлични!
Рецептот е од една група за размена рецепти, ми се допаднаа, ги направив и не згрешив.
Топла препорака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови