Маринирани ребра од рерна
Во длабоко чинивче се ставаат сенфот, медот, соја сосот и маслото. Се убаво се меша да се изедначи.
Ребрата убаво измиени, се посолуваат со сол, наросуваат со мешан сув зеленчук, мелен црн пипер.
Врз нив се нанесува подготвената маринада. Убаво се протријуваат со раце, за да се нанеси насекаде по нив од маринадата.
Се редат во огноотпорен сад во кој ќе се готват, се покриваат со фолија и оставаат во фрижидер преку ноќ.
Утредента им се додава водата и се ставаат да се готват во загреана рерна на 200 степени.
Времето на подготовка е околу 90 мин. и тоа 45 мин. од едната страна, па ги вртиме и 45 мин. од другата страна.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани