Многу лесен, а вкусен ручек.

Парчето месо се чисти од жилички и се става во пекач.
За преливот сите состојки се ставаат во блендер убаво да се соединат.
Со добиената смеса се премачкува парчето месо од сите страни и се остава во фрижидер 2-3 часа да ја впие маринадата.
Се вади од фрижидер, се налива виното,( по потреба може да се стави и 100 мл вода) се ставаат излупените компири и се печи во рерна 2,5-3 часа на тивко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани