Испечати

Свинска кременадла печена со зелен прелив

Свинска кременадла печена со зелен прелив

Состојки

  • 1-1,5 кгр цело парче свински кременадли
  • за прелив
  • 1 китка магдонос
  • 1лажица сенф
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка зачин
  • 1 лажичка бибер
  • 1лажица мешавина од оригано, буковец,црвен пипер, јадра сол
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 70 мл масло
  • 100 мл бело вино
  • 1кгр компир

Подготовка

Многу лесен, а вкусен ручек.

Парчето месо се чисти од жилички и се става во пекач.
За преливот сите состојки се ставаат во блендер убаво да се соединат.
Со добиената смеса се премачкува парчето месо од сите страни и се остава во фрижидер 2-3 часа да ја впие маринадата.
Се вади од фрижидер, се налива виното,( по потреба може да се стави и 100 мл вода) се ставаат излупените компири и се печи во рерна 2,5-3 часа на тивко.