Свинска коленица во кисела зелка
Свинската коленица убаво се мие, се посолува и трие, се подпржува од сите страни на загреано масло по малку. Се вади од тавата и се става во огноотпорен сад во кој ќе се подготвува јадењето.
Киселата зелка се дроби и се додава во тавата во која се пржеше коленицата. Се динста, па малку пропржува. Се додава брашното, 1 лажица пипер за манџа и 1 лажица пипер буковска. Се убаво се меша и се додава во садот кај коленицата.
Грубо се кршат сувите пиперки и се додаваат. Исто се додаваат и ловоровите ливчиња. Се налева со топла вода. Се зачинува со мешан сув зачин и црна пипер. Се покрива со алу фолија, која на неколку места ќе ја избоцкаме со чепкалка. Се става да се готви во загрена рерна на 200Ц. степени околу 3 часа.
Пред самиот крај се открива, се полева со запршка од масло и 1 лажица буковска пипер. Се враќа во рерна додека порумени коленицата и запечи зелката.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Kiselata zelka najveke nekako mi pasuva so pusenoto meso od kolenica i rebra:)
;-)