Свинските коленици премачкајте ги со сенф, посипете ги со мешан сув зачин и црн бибер.

Во касерола или лонец ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, морков, целер, ливчињата жалфија, гранчето рузмарин и сецканото лукче.
Пропржете додека малку подомекне зеленчукот, па додајте ги колениците.
Пржете ги по малку од сите страни.
Откако ќе се запржат додајте го виното и оставете да врие додека целосно испари.
Потоа додајте ја доматната салса и 1 црпалка зеленчукова супа.
Покријте ја касеролата со капак и оставете да се готви на тивок оган околу 2 часа, со повремено вртење на колениците.
Ако има потреба во текот на готвењето додајте уште од супата.

Пире
Излупените компири ставете ги да се варат.
Потоа испасирајте ги, додајте го путерот и топлото млеко и убаво измешајте.
Зачинете со мешан сув зачин, морско оревче и црн бибер.

Зготвените коленици сервирајте ги топли, полеани со сосот, пире и свежа салата по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани