Испечати

Свинска коленица во доматен сос

Свинска коленица во доматен сос

Состојки

  • 2 свински коленици
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1 стебленце целер
  • 5 ливчиња жалфија
  • 1 гранче рузмарин
  • 4 чешниња лук
  • 100-150мл црвено вино
  • 1 чаша(од 180мл) доматна салса
  • 2-3 црпалки зеленчукова супа
  • 2 лажици сенф
  • по потреба масло, мешан сув зачин, црн бибер
  • За пире
  • 500гр. компири
  • 1-2 лажици путер
  • по потреба топло млеко
  • по потреба мешан сув зачин
  • малку морско оревче и црн бибер
  • Свежа салата по желба

Подготовка

Свинските коленици премачкајте ги со сенф, посипете ги со мешан сув зачин и црн бибер.

Во касерола или лонец ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, морков, целер, ливчињата жалфија, гранчето рузмарин и сецканото лукче.
Пропржете додека малку подомекне зеленчукот, па додајте ги колениците.
Пржете ги по малку од сите страни.
Откако ќе се запржат додајте го виното и оставете да врие додека целосно испари.
Потоа додајте ја доматната салса и 1 црпалка зеленчукова супа.
Покријте ја касеролата со капак и оставете да се готви на тивок оган околу 2 часа, со повремено вртење на колениците.
Ако има потреба во текот на готвењето додајте уште од супата.

Пире
Излупените компири ставете ги да се варат.
Потоа испасирајте ги, додајте го путерот и топлото млеко и убаво измешајте.
Зачинете со мешан сув зачин, морско оревче и црн бибер.

Зготвените коленици сервирајте ги топли, полеани со сосот, пире и свежа салата по желба.

На здравје!