15
јан
2014
Салата со прокулици
Прокулиците исчистете ги и измиете ги и заедно со морковите кои сте ги исечкале на ленти обарете ги 5 минути на пареа. Ставете ги во садот во кој ќе ја служите салатата и додајте го празот исечкан на тенки крукчиња, сувите домати (моите беа веќе саламурени во маслиново масло) и маслинките исечкани на парчиња. Зачинете со масло, сол и киселина, промешајте убаво и оставете ја салата барем половина сат да постои пред да ја служите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови