Прекрасна комбинација на вкусови.
Подготовката е следна.
Оревите ги толчиме и посолуваме.
Прокељот го чистиме убаво и го ставаме 5 минути да поврие во посолена вода, а потоа го цедиме.
На масло ги запржуваме коцките димена сланина.
Откако ќе почнат да се запржуваат ги додаваме толчените ореви, прокељот и зачинуваме.
Пропржуваме додека не зарумени прокељот.
Се служи и топло и ладно.

Забелешка
Кој е љубител на лукче, може да го додаде во толчените ореви.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови