Салата со прокељ
Состојки
- 500гр прокељ
- 100гр кашкавал
- 50 гр суво месо
- 1 лажица мешан сув зачин
Подготовка
Брза лесна и вкусна салата со прокељ.
Најпрво претходно измиениот прокељ го обаруваме, неколку минути да омекни малку.
После тоа го ставаме во малечка тава за печење, ги додаваме зачините, може да додадете било какво суво месо, или свинско ако имате тоа ќе му даде многу убав вкус, наросуваме од горе кашкавал и го ставаме во загреана рерна додека не се растопи кашкавалот.