Ваква слична салата јадев во еден ресторан во Битола и нормално, одма решив да ја реплицирам дома, со неколку измени. Подготовката е лесна, а салатата е превкусна. Ако сте во пост, прескокнете го сирењето.

Припрема

Прво зеленчуците измијте ги убаво, искинете ја брокулата на цветови, а морковот исечкајте го на парчиња. Ставете ги заедно да се обарат 15тина минути. Значи не да се сварат, туку да омекнат, треба малку да крцкаат кога ќе ги јадите.
Исцедете ја водата, ставете го мешаниот зелнчук во подлабока чинија за салата и додадете ги зачините, налејте малку маслиново масло и додадете некоја капка лимонов сок. Одозгора нарендајте од вашето омилено сирење.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови