Испечати

Салата од брокула, прокељ и моркови (посно)

Салата од брокула, прокељ и моркови (посно)

Состојки

  • 1 главица брокула искината на цветови
  • 1 поголем морков
  • 5-6 парчиња прокељ
  • зачини- сол, црн бибер и лук во прав
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • малку лимонов сок
  • рендано сирење по желба

Подготовка

Ваква слична салата јадев во еден ресторан во Битола и нормално, одма решив да ја реплицирам дома, со неколку измени. Подготовката е лесна, а салатата е превкусна. Ако сте во пост, прескокнете го сирењето.

Припрема

Прво зеленчуците измијте ги убаво, искинете ја брокулата на цветови, а морковот исечкајте го на парчиња. Ставете ги заедно да се обарат 15тина минути. Значи не да се сварат, туку да омекнат, треба малку да крцкаат кога ќе ги јадите.
Исцедете ја водата, ставете го мешаниот зелнчук во подлабока чинија за салата и додадете ги зачините, налејте малку маслиново масло и додадете некоја капка лимонов сок. Одозгора нарендајте од вашето омилено сирење.

На здравје