Крем чорба од прокељ, брокула и аспарагус
Компирот, кромидот, морковот, дршките од брокула, лукот исечени на крупно, заедно со ловоровиот лист и белиот бибер во зрна ги вариме во вода зачинета со 1 коцка за супа околу 30 минути. Вака обарениот зеленчук го блендираме, но претходно ги одстрануваме листовите од лорбер. На тава со малку путер ги пропржуваме прокељот и брокулата и аспарагусот доколку е во свежа форма. Додаваме малку вода и динстаме само неколку минути. Посолуваме и зачинуваме. Изблендираниот зеленчук го истураме во тенџере ставаме маслиново ладно цедено масло и ги истураме прокељот, брокулата и аспарагусот исечени на сакана големина. Вариме да се соединат состојките 5 минути. Сервираме со 1 тенок лист пршута и свеж магдонос. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови